Коцијанчич: Очекуваме брзо формирање на стабилна влада

„Во оваа фаза, единствено што можам да кажам е дека ние одблиску ја следиме ситуацијата. Како што рековме во минатото, ние, во рамки на уставните рокови, очекуваме брзо формирање на нова стабилна влада“, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.Откако претседателот Ѓорге Иванов му го предаде мандатот за формирање на нова влада на Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Коцијанчич го повтори ставот на неформалната Влада на ЕУ, даден првиот ден по македонските парламентарни избори што се одржаа на 11 декември.

„Ние, исто така, сакаме да видиме итна имплементација на реформите, решавање на прашањата за системското владеење на правото, и преку итните реформски приоритети и преку продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата на нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е сé што можам да кажам во моментов“, истакна Коцијанчич.

Print Friendly, PDF & Email