Караванот на слободата ја започна промоцијата на скопскиот мултимедијален настан

Караванот на слободата од денес започна со активностите за промоција на големиот мултимедијален настан што ќе се одржи во сабота, на 1-ви октомври во Скопје. ЦИВИЛ - Центар за слобода постави инфо-штанд на улицата „Македонија“, каде неколку часа граѓан(к)ите на Скопје можеа да се информираат за програмата на настанот и за целите на Караванот.

Минувачите имаа можност да уживаат и во ди-џеј сетовите на CIVIL Art Crew, како и да учествуваат на фото и видео петицијата. Слични вакви, помали и поголеми настани, ќе се одржуваат секој ден, до сабота, низ повеќе скопски општини.
14409681_1066863646765437_2758839801751209313_o

Караванот на слободата досега одржа шест големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово, Куманово и Штип. Концертот во Скопје е завршниот настан на овој проект, поддржан од УСАИД.

Print Friendly, PDF & Email