Нимиц: Нова, стабилна влада е услов за продолжување на преговорите за името

Услов за продолжување на разговорите за македонско-грчките односи и преговорите за името е формирање на нова, стабилна и функционална влада во Македонија. Ова е ставот на посредникот во преговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, кој разговараше со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, при последната посета на Обединетите нации во Њујорк.

Како што пренесува грчкиот весник „Грик њус“, Нимиц изразил подготвеност за реактивирање на разговорите меѓу двете држави, кои се во мирување изминатите две години, поради политичката криза во Македонија.

kotzias-nimitz-guterres-770x470

Извор: Грик њуз

Сепак, додека Македонија долго време ја запоставува оваа проблематика, поради фокусот кон внатрешните проблеми, Нимиц и Коѕиас, само во последните неколку месеци, третпат се среќаваат и разговараат.

„Разговарав неколкупати со министерот минатата година. Со голем интерес очекувам зголемени активности на оваа тема. Надежно, наскоро во Скопје ќе има нова влада и се надевам потоа да дојдам во регионот и да видам дали ќе можеме да  направиме нешто конструктивно околу спорот за името“, изјавил Нимиц за „Грик њус“.

„Важно е да имаме две функционални влади во двете држави и ако сте посредник, нема поента да се обидувате да посредувате, ако една од двете страни нема влада“, истакнал Нимиц.

01ca55a8f290f92d5d0d165adbe0da4b_w148

За средбите на медијаторот во преговорите Нимиц и шефот на грчката дипломатија Коѕиас, во период кога во Македонија проблемот со името е тргнат од агендата, министерот за надворешни работи Никола Попоски е без официјален став. Тој вчера ги коментираше релациите со соседите, но во поглед  на Платформата на албанските партии и средби на нивните претставници со премиерот на Албанија, Еди Рама и со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Според Попоски, „не е пристојно ниту соодветно, кога премиер или претседател од соседна земја, директно се меша во внатрешни работи. Особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање на влада, бидејќи се испраќаат погрешни сигнали во регионот. Секогаш сме биле крајно коректни во соработката со соседите. Најдобро ќе биде и тие да ни се придружат по тој пат, наместо да се поставуваат 'мини' кои носат ризик за сите“.

М. Т.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian