Коалиција за промени и правда: Сакаме соживот, доста ни е од конфликти!

Коалицијата за промени и правда, составена од Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО - РП и ДЕМОС, преку проглас соопшти дека граѓаните не треба да се плашат затоа што режимот ќе падне. Тие додаваат дека на 11-ти декември, заедно со граѓаните ќе кажат доста е: на тиранијата, на теророт и криминалот на Фамилијата на власт, на неправдите кон луѓето и одземената слобода, на корумпираното судство и на сите корумпирани поддржувачи на недемократскиот режим.

koalizia

„Сакаме мир и соживот на граѓаните, без разлика на националната, верската и социјалната припадност. Доста ни е од конфликти на овие основи, само затоа - некој да се дограби или да се одржува на власт. Сакаме што поскоро Македонија да е членка на ЕУ и НАТО! Владеењето на правото не е само парола, тоа ќе ни гарантира стабилност, слобода и правда, економски и културен напредок!“, стои во прогласот на Коалицијата за промени и правда.

Тие велат дека ќе го запрат задолжувањето на Република Македонија, чиј вкупен надворешен и внатрешен долг изнесува над 9 милијарди евра.

„Ќе им кажеме - не, на стравот, очајот, сиромаштијата и безнадежноста во кои живее нашиот народ. Не - за солзите на родителите кои беа присилени да ги пуштат во туѓина, над 600 илјади млади и работоспособни, да ја побараат среќата надвор, бидејќи режимот им ја одзеде во Македонија. Најдоброто, цветот на Македонија, замина со билет во еден правец“, се веливо прогласот

Од коалицијата додаваат дека ќе им се суди на судиите и обвинителите кои ги кршеле човековите права и слободи и кои „им ги зацрниле судбините на илјадници семејства по налог на тиранската власт“.

Д. Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email