Караванот на слободата во општините од полошкиот регион

По повод четвртиот мултимедијален хепенинг на Караванот на слободата кој денеска (26 август) се одвива во Тетово, екипи на ЦИВИЛ - Центар за слобода, во четвртокот ги посетија соседните општини во полошкиот регион. Покрај промовирањето на  дебатата, изложбата, поетско-сценскиот перформанс и концертот во Тетово, членовите на ЦИВИЛ со жителите на овие општини разговараа и за актуелната политичка ситуација, за нивотио на слободата и демократијата и за претстојните избори во државата.

2

Една екипа на Караванот на слободата, ги посети општините Боговиње и Врапчиште и ги информираше граѓаните за мултимедијалниот настан, а дел од нив изразија желба да дојдат во Тетово.

12

Активистите на Караванот на слободата од Скопје и Тетово, делеа флаери, а со мегафон и преку директна комуникација, ги информираа жителите на двете општини, за проектот Караван на слободата, но и за останатите активности на ЦИВИЛ.

14054231_1811751622373518_5322532265329840801_n

14107605_1811751435706870_402620151367728777_o

 

Друга екипа на ЦИВИЛ ги посети општините Јегуновце и Теарце, каде со граѓан(к)ите разговараше за мултимедијален настан во Тетово и делеше пропагандни материјали.

Print Friendly, PDF & Email