Караванот на слободата во Битола

ЦИВИЛ - Центар за слобода и „За нас се работи“ вчера вечер на плоштадот „Будење“ во Битола  организираа двоиполчасовна програма со која го претставија Караванот на слободата и своите идеи за слобода и демократија. Активистите на двете организации споделија музика, џинглови со пораки и флаери со неколку стотици граѓанки и граѓани на Битола.

Во непосредните разговори со граѓаните, активистите се информираа за ставовите на посетителите на настанот, кои споделуваа информации и ставови за состојбите во градот Битола и во целата земја.

Print Friendly, PDF & Email