Наместо сплотена и солидарна, Македонија е соочена со поделеност и омраза!

Меѓународниот ден на човековата солидарност, Македонија го пречека со 200.299 невработени. Околу 27.300 домаќинства се редовни корисници на социјална парична помош, зашто живеат на раб на егзистенцијата. Во потрага по подобри услови за живот, Македонија, според евиденцијата на ДИК, ја напуштија 250.695 граѓани, кои времено престојуваат и работат во странство. А, неофицијално, околу 600.000 граѓан(к)и поради неостварени елементарни човекови права,  ѝ свртија грб на својата татковина, пишува Грин ЦИВИЛ.

Граѓаните се подвоени и дискриминирани по сите основи: национална, етничка, религиска, партиска… Се кршат човековите права и слободи на секој чекор.

dsc0471-470x246

Јасмина Стојкоска, тешко го остварува правото на здравствена заштита.

malii-ima-litchna-karta-na-adrsa-od-napuschtna-kua-500x269

Шериф Малиќи не може да го оствари правото на домување.

15608624_10211762739161940_70313600_o-500x333

Мифтар Бајрамоски не може го оствари првото на работа.

15645725_1450306278330884_1567906115_n

Сара Сејфула не може да го оствари ни како магистер правото на работа, затоа што е политички неопределена.

Многу граѓани не можат да го остварат правото на глас, зашто се избришани од Избирачкиот список. Македонија се „задушува“ во аерозагадувањето, поради недоследната примена на законската регулатива.  Стотици граѓани во сите населени места, секој месец се евидентираат како новозаболени од канцер и кадриоваскуларни болести, а државата не излегува со стратегија за санирање на состојбите кои го зголемуваат морбидитетот и морталитетот. Процесот на образование доживува деградација.

Партиската дискриминација при вработувањата, лошите економски услови за живот, нееднаквиот третман пред државните институции..., резултираат со масовно иселување на граѓаните во странството.

Говорот на омраза, повиците на линч на партиски функционери и на истакнати политичари, се потврда за прогресивниот процес на создавање јаз меѓу граѓаните, и за продлабочување на општествено-економската и политичка криза во Македонија. Во име на партиската неказнивост, енормно се кршат човековите права и слободи.

Сите овие состојби само илустрираат дека Македонија, иако членка на ОН од 1993 година, и потписник на меѓународни договори за поголеми човекови права и слободи, пред прагот на 2017-тата, е држава - заложник на криминалните политички структури, чии нуспродукти го трујат општеството.

Затоа, токму денеска на Меѓународниот ден на човековата солидарност, ЦИВИЛ повикува да престанат поделбите, омразата, непочитувањето на човековите права и слободи, да се стопира уништувањето на животната средина и општеството во целина! Институциите на земјата, но и политичките актери, да се фокусираат на произведување решенија, а не - на нови кризи!

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian