Експертски панел на ЦИВИЛ: Плурализмот и политичката криза

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира експертска панел дискусија под наслов „Плурализмот и политичката криза“ на 17 март (четврток) во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.

FEFC expert panel event banner 01Учесници на панел дискусијата се реномирани експерти кои ќе ги претстават своите експертизи за политичката криза и за изборниот процес во земјата. Целта на оваа дискусија е да се придонесе кон развивање на плуралистички амбиент и дебата во општеството, преку претставување на различни ставови на експертската заедница.

Н.Е. Амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер ќе ја отвори дискусијата со свое воведно обраќање.

Овој настан е дел од проектот Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish