Инфо-штанд „Набљудуваме!“ во центарот на Скопје

Тимот на ЦИВИЛ - центар за слобода, денес напладне, постави инфо штанд во центарот на Скопје, каде на минувачите им подели инфо-материјали и разговараше со граѓанките и граѓаните за можноста да бидат изборни набљудувачи.

15037344_1123180221133779_2227368950387933173_n

Сите заинтересирани граѓан(к)и, кои сакаат да бидат дел од мониторинг тимот на ЦИВИЛ може да се пријават на следниот линк.

Во овој предизборен период, ЦИВИЛ ги интезивира своите активности за изборен мониторинг, преку мобилизација на краткорочни и долгорочни набљудувачи, како и на мобилни мониторинг тимови низ целата земја.

Проектот „Набљудуваме!“ е поддржан од Амбасадата на САД.

Print Friendly, PDF & Email