Ќе гласаат ли и на овие избори „фантомите“ од Кумановско?

Граѓани упатија до ЦИВИЛ - Центар за слобода обвинувања, кои ги потврдија и претставници на политички партии од Куманово, дека „фантоми“ редовно гласаат на избори

„Ќе гласаат ли фантомите од кумановско и на овие избори?“, е прашање на кое одговор бараат граѓан(к)ите на Куманово и околните населени места. Дел од нив тврдат дека, во соработка со одделни вработени лица во државни институции, со години се дозволува групно гласање, особено на избирачките места во селата кои гравитираат кон градот. Сериозни се и обвинувањата, потврдени за ЦИВИЛ - Центар за слобода и од претставници на политички партии, дека и „фантоми“ редовно гласаат на избори.

За тоа кои се „фантомите“, зошто никој не ги брише од Избирачкиот список, во интерес на која партија е нивното постојано одржување на списокот, и за начинот на кој досега се вршел поткупот на гласачите, во темата со ист наслов, читајте утре, на нашиот сајт!

 

Print Friendly, PDF & Email