Караванот на слободата тргнува!

Караванот на слободата, проект финансиран од УСАИД, имплементиран од ЦИВИЛ – Центар за слобода, ќе се промовира во клубот Менада во четврток, 21 јули, од 17.00 часот до полноќ. Музичари, пејачи, актери, сликари, поети, диџеи, мултимедијални уметници, како и медиуми, граѓански организации и заинтересирани граѓан(к)и, ќе се соберат, за да дознаат повеќе за Караванот на слободата, за локациите за следните настани, и за активностите кои треба да се одржат во наредните три месеци.

Присутните ќе имаат можност да проследат кратки филмови на тема човекови права. Покрај тоа, локалните уметници и лидери на слободната мисла, ќе разговараат за нивните уметнички дела и ќе испратат пораки за промовирање на човековите права и слободи.

Во текот на денот, екипата на ЦИВИЛ Арт, ќе подготви диџеј сет. ЦИВИЛ на овој настан, исто така ќе започне фото-петиција за Караванот на слободата. Сите гости ќе бидат поканети да учествуваат.

Караванот на слободата на ЦИВИЛ, ќе го искористи влијанието на уметноста и културата, за да ја разбуди граѓанската свест и граѓанското учество. Тоа е динамичен мултимедијален проект, кој поттикнува учеството на граѓан(к)ите во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English