Холандија со став: Не се исполнети услови за избори

Прочистувањето на Избирачкиот список, реформи во медиумите, одвојување на партијата од државата и ставање крај на заплашувањето на граѓаните, како минимални услови за веродостојни избори кои ги утврдија ЕУ и САД, не се исполнети, стои во писмото на холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, испратено до лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино на 5 мај.

Како претседавач со ЕУ, Кундерс во писмото пишува дека состојбата во Македонија мора итно да се реши и Пржинскиот договор мора да се почитува од сите потписнички, во спротивно Македонија ќе се соочи со сериозни последици и санкции.

„Одлуката на претседателот за помилување на кои се осудени или се под истрага во врска со тврдењата кои излегоа на виделина од прислушуваните разговори, особено за политичарите кои моментално се под истрага на СЈО, треба веднаш да се повлече.“ се вели во писмото на Кундерс.

Кундерс ги повика сите партии да му овозможат на СЈО да си ја исполни до крај својата обврска без опструкции бидејќи нивната работа е витален дел од Пржинскиот договор и клучен сегмент за решавање на политичката криза и враќање на довербата кај граѓаните.

12973149_941742049277598_998153252977879777_o

ЦИВИЛ пред Собрание на РМ, 6 април 2016

ЦИВИЛ – Центар за слобода го поддржува ставот на холандскиот министер за надворешни работи, Кундерс, потсетувајќи дека  во повеќе наврати до домашната и меѓународната јавност се доставени бројни извештаи, соопштенија, анализи на експертскиот тим на организацијата и препораки за одложување на предвремените парламентарни избори, а во меѓувреме тој период да се искористи за спроведување на итни мерки за реализација на сите реформи потребни за слободни, фер и демократски избори. Овие ставови се совпаѓаат и со ставовите и на поранешниот ЕУ Амбасадор Ерван Фуере во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

Б.Ј.

 

 

Print Friendly, PDF & Email