Граѓани се жалат од партиски пропагатори

Граѓани од сите страни се јавуваат во Цивил со разни поплаки, кои главно се однесуваат на притисоци вршени за гласање за некој од учесниците на избори.

Еден од случаите е кога на една граѓанка и тропнале на врата пропагатори на една партија и и го понудиле нивниот пропаганден материјал. Откако граѓанката одбила да го прими, по некое време на нејзина адреса пристигнале материјали со црна пропаганда за ривалската опција.

Оваа граѓанка се јави во Цивил за да каже за притисокот, а наша екипа ја посети и директно се информираше со овој случај.

Настанот, како што информиравме, се случил во населба Вардар, во скопската општина Аеродром.

Весна Богдановска рече дека сака јавно да излезе со опис за нејзиното искуство со партиските агитатори и во видео-клипот во продолжение може да ја слушнете нејзината изјава, даде пред камерата на Цивил Медиа.

Арбана Ќерими

Камера: Стефан Урџановски

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish