Цивил апелира за слободни избори

Цивил апелира за слободни избори. Апелираме до партиите и партиските активисти да се придржуваат кон изборниот молк и да не вршат агитација и притисоци врз гласачите на овој и на денот на гласање. Апелираме до сите граѓан(к)и да бидат достоинствени и мудри и да не подлегнуваат на притисоци и манипулации.

Потсетуваме: гласањето е тајно и не постојат можности тоа да биде контролирано или надгледувано.

За секоја нерегуларност, ги повикуваме сите граѓан(к)и да го информираат Цивил по телефон, електронска пошта ([email protected]) или на веб страницата Слободни избори.

Ги повикуваме надлежните институции денешниот ден на гласање на болните и затворениците да го спроведат според стандардите предвидени со Изборниот законик и да се погрижат да не се повторат аномалиите и нерегуларностите регистрирани во првиот круг на гласањето за претседател.

Цивил е отворен за сите политички партии и го набљудува изборниот процес со максимална непристрасност и неутралност. Овие избори Цивил ги набљудува со 113 набљудувачи акредитирани во Државната изборна комисија, но и со над 50 неформални набљудувачи од редовите на членовите и соработниците на Цивил и други невладини организации.

Воедно, им благодариме на бројните граѓан(к)и за нивната доверба во Цивил и кои секојдневно се јавуваат и ни пишуваат за текот на изборниот процес.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian