Граѓанска истрага во Битола

По успешните семинари во Велес и Скопје, следниот семинар „Биди граѓански новинар“, во рамки на проектот „Граѓански објектив“, ќе се одржи во Битола, на 14 и 15 ноември во хотелот „Театар“. На семинарот можат да се пријават жители на Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Дебар, Вевчани, Прилеп, Крушево и соседните општини.

CLP logo 01На семинарот можат да се пријават сите полнолетни граѓан(к)и со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум до една страница) во кои накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарите.

Секој учесник кој ќе ја заврши обуката ќе добие и сертификат.

Секој граѓанин и граѓанка кој има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, како и секој што има барем основни вештини за пишување, повикан е да се вклучи во  проектот „Граѓански објектив“. Од јануари следната година, секој месец, петте најуспешни трудови ќе бидат наградувани со вредносни ваучери за набавка на фото/видео и компјутерска опрема.

Ве повикуваме да ја искористите можноста да учите од најдобрите! Бидете граѓански новинари!

Следниот семинар ќе се одржи во Струмица на 28 и 29 ноември во хотел „Еперанто“. На семинарот можат да се пријават жители на Струмица, Гевгелија, Радовиш, Богданци, Валандово, Дојран и соседните општини.

„Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за дологорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Print Friendly, PDF & Email