Дебата: Правни последици од процесот на лустрација

Институтот за човекови права организира дебата на тема “Правни последици од процесот на лустрација“,  на 6 јуни во ГЕМ Клубот во Скопје, со почеток во 12:00 часот.

Дебатата се спроведува во рамки на проектот  „Зајакнување на човековите права во процесот на лустрација“,  поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, а негова цел е зајакнување на механизмите за ефективна правна заштита во процесот на лустрација како предуслов за владеење на правото и почитување на човековите права и слободи.

Дебатата ќе ја отвори претседателката на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, а говорници ќе бидат  Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставниот суд, професорот д-р Темелко Ристески од Универзитетот ФОН и Кристина Дода од Институт за човекови права.

Организаторите ги покануваат сите присутни активно да учествуваат во дебатата и заедно со говорниците да дадат свој придонес кон утврдување на недостатоците во правната рамка во процесот на лустрирање.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian