„BT – TOXIC“ - документарец за загадената Битола

Здружението за развој и активно делување на граѓанскиот сектор „За нас се работи“, во среда, на 27 јануари, во клубот „Позитив“ во Битола, со почеток во 18,00 часот, ќе го промовира документарниот филм  “BT - TOXIC”.

Документарецот е резултат на ангажираноста на членовите на „За нас се работи“, заедно со битолчанки и битолчани, да придонесат кон решавање на проблемот со загадениот воздух, но и со животната средина во Битола.

Сценариото и на “BT - TOXIC” е на Пеце Талевски, кој истовремено е и продуцент на филмот, а режисер е Елеонора Венинова.

Во документарецот се претставени изјави на членовите на здружението „За нас се работи“, медицински лица, стручни лица од РЕК – Битола, претставници на еколошки здруженија од Македонија, претставници од Министерството за животна средина, членови на здружението „Битола на точак“ и претставници од Институт за јавно здравјае.

Документарецот е снимен во рамките на проектот „Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина“.

Print Friendly, PDF & Email