Уапсен новинарот Зоран Божиновски

Власта не се откажува од своите партиско-полициски процеси. Новинарот Зоран Божиновски е упасен во Нови Сад, Србија, каде што живее веќе неколку години, врз основа на меѓународна потерница, поради вмешаност во случајот „Шпион“ во кој беа обвинети и дваесетина лица под сомнение дека шпионирале во полза на Грција и Унгарија.

z.bozinovski

Уапсен новинарот Зоран Божиновски

Да потсетиме, претседателот Иванов, непосредно по отворањето на случајот „Шпион“ му додели орден на унгарскиот премиер Орбан. Тоа беше оценето како невообичаена и чудна постапка на една држава која истовремено апси свои граѓани под обвинение дека шпионирале за земјата на чиј премиер му се доделува високо државно признание.

Независното здружение на новинарите на Србија ја потврди оваа информација.

Новинарот Божиновски беше уапсен и во 2013 година во акцијата „Шпион“ и помина околу една година во притвор за лица за кои е побарана екстрадиција. Апелациониот суд на Србија, тој беше ослободен, но му беше одземен пасошот, со наредба да не ја напушта Србија.

Print Friendly, PDF & Email