Балканска „Точка на среќавање“

Во моментов во Белград е во тек трибина која е дел од проектот ”Точка на среќавање”, што го реализира белградскиот неделник “Време”, поддржан од Фондацијата Отворено општество и ФорумЗФД.

На темата “Точка на среќавање: Што е Балкан, што се зборува за него, и што би можел Балканот да биде?”, свое излагање ќе има и претседателот на ЦИВИЛ - Центар за слобода, Џабир Дерала.

На трибината, која е најава за проектот што се занимава и со албанското прашање на Балканот и со културните и историски односи на Албанците со соседните јужнословенски народи, покрај Дерала, ќе зборуваат и легендарниот актер и режисер Предраг Мики Манојловиќ, како и Неџмедин Спахиу, професор на универзитетите во Тирана, Тетово, Приштина и Хамбург и Дејан Џокиќ, историчар и британски универзитетски професор, инаку автор од кој две дела деновиве се очекува да се објават и на македонски јазик. Модератор е познатиот Зоран Станојевиќ, новинар и уредник во Радио Телевизија Србија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian