Панел-дискусија: Допирни точки на балканските народи

Форум ЗФД и српскиот неделник „Време“, денеска, со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Стоун Бриџ“, организира панел -дискусија на тема „Допирни точки: што е Балкан, што се зборува за Балканот и што би можел Балканот да биде“.

По панел-дискусијата во Белград, на која се зборуваше за албанското прашање на Балканот, и панел-дискусијата во Приштина,  и оваа, трета по ред, дискусија уште еднаш ќе ги отвори прашањата за културните и историските односи меѓу разните народи на Балканот.

Говорници ќе бидат  Елиза Хоџа, архитект и урбанистички планер од Косово, Жидас Даскаловски  и д-р Сашо Орданоски, политички аналитичари од Македонија и Теофил Панчиќ, колумнист од Белград.

Панелот ќе го модерира Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian