ФРОДЕМ: Протестите пред МВР се обид за блокада на акциите на СЈО!

„Протестите пред МВР на кои во најголем дел учестуваат службеници од државните институции и јавните претпријатија се уште еден доказ за партизираноста на институциите во функција на заштита на криминалот сторен од поедници или од злосторничко здружение“, се вели во соопштението на Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

Според нив, протестите иако наводно се организираат поради спречување на изградбата на крстот во Бутел, всушност, се директен притисок врз полицијата за да не асистира во акциите на СЈО за справување со криминалот!

frodem-283x200

ФРОДЕМ е со став дека на протестите пред МВР учестуваат службеници од државните институции и јавните претпријатија и дека тоа е уште еден доказ за партизираноста на институциите за да се заштити криминалот кој е сторен од поединци или злосторничко здружение. ФРОДЕМ ги повикува службениците да пријават мобинг, доколку нивните претпоставени им вршат притисок да одат на протести, а институциите и организации да им помогнат во нивното спротиставување и докажување! Оттаму додаваат дека функционерите кои вршат притисоци да излезат на протести за да се протестира против други институции треба да сносат и кривична одговорност.

Демократите апелираат до членството на ВМРО-ДПМНЕ да не дозволи да биде заложник на неодговорното и криминализирано раководство.

„Обвинетите Јанакиевски и Јанкуловска не треба да се затскриваат зад партијата и преку јавноста да вршат притисоци за попречување на правдата и да вршат притисок врз судството и Обвинителството. Разумното членство на партијата, со право треба да се огради од ваквите неморални активности. Никој не и виновен на Јанкуловска што од кабинетот во МВР направила партиски штаб, што нашите сонародници од Пустец ги нарекува ‘човечиња’, што правела списоци за одмазада и слично. Секој што ќе се стави во одбрана на ваквите постапки се става во функција на нечовечко и незаконско однесување. Однесувањето на Јанкуловска и Јанакиевски е резултат на нивната незрелост,  како и од  личната потреба за неприродно истакнување на својата позиција и командување по секоја цена. Дури и по цена на тешки злоупотреби“, соопштуваат од ФРОДЕМ.

Фашистичките симболи кој се појавија на мегафоните се уште еден доказ дека протестите се вештачки, со неприродна мотивација и дека поставувањето на темелите на крстот, за жал, им е само изговор! ФРОДЕМ остро ја осудува ваквата симболика која предизвикува морници кај секој нормален човек!

ФРОДЕМ во чии редови има многу разочарани членови на ВМРО-ДПМНЕ, во своето соопштение истакнува дека „треба да се сочува достоинството, а партијата, внатрепартиски да се престрои и да расчисти со криминалците во своите редови за да може да победи на следните демократски и фер избори“

„Од фамилијата, партијата треба да се врати на членството“, потенцира Фронтот за демократска Македонија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian