Граѓанските организации едногласни за одложување на изборите

ЦИВИЛ – Центар за слобода веќе излезе со свои препораки и анализи до меѓународната заедница и останатите носители на одлуки за надминување на политичката криза и за условите кои ќе придонесат за фер, слободни и демократски избори. Во последната анализа „Само слободни избори се шанса да се врати владеењето на правото“, ЦИВИЛ испрати јасна и единствена порака до меѓународната заедница за одложување на изборите, но не и на оставката на премиерот Груевски.

Во пресрет на утрешната посета на Јоханес Хан во Македонија, повеќе невладини организации се обратија со писмо до меѓународната заедница на прес конференција одржана пред Делегацијата на ЕУ во Скопје. Во име на граѓанските организации, на прес-конференцијата се обратија Фани Каранфилова - Пановска од ФООМ, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Бојан Маричиќ од МЦЕО.

Уранија Пировска„На почетокот од нашето обраќање, го изразуваме нашиот став дека во овој момент не се исполнети клучни услови, ниту постои поволна атмосфера за одржување фер, слободни и демократски парламентарни избори, кои ќе ја вратат довербата на граѓаните дека во Македонија е возможно слободно да се одлучува и дека граѓанската одлука ќе биде испочитувана од институциите и од сите политички партии“, стои во обраќањето на граѓанските здруженија.

Континуираното одложување на спроведувањето на точките од договорот од Пржино, нефункцоналноста на Државната изборна комисија, непостоењето договор меѓу клучните политички партии за реформите во медиумите кaко еден од клучните фактори во создавањето еднаква шанса за медиумско присуство на сите политички опции, се наведени како главни аргументи за одложување на изборите.

ЦИВИЛ целосно се согласува со констатациите и барањата наведени во писмото и заедно со другите граѓански организации упатува силна препорака до меѓународната заедница за сериозно разгледување на препораките од граѓанскиот сектор.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish