ЦИВИЛ со благодарност до градоначалниците – домаќини на Караванот на слободата

Музичарите, уметниците и интелектуалците на Караванот на слободата со своите пораки за човековите права и слободи допреа до илјадници граѓанки и граѓани на своето патешествие низ Република Македонија.

Активностите на Караванот започнаа со гостувањата на фестивалите Д-Фест во Дојран, ДримОн во Струмица и АКТО во Битола, а самиот Караван на слободата ја промовираше својата програма и пораките на 21 јули.

14115065_1812744548940892_2052642895754354705_o

На својата рута, Караванот на слободата наиде на одлична соработка со домаќините, градоначалниците, нивните тимови и општинските совети. Затоа, ЦИВИЛ – Центар за слобода им се заблагодарува на  градоначалниците на Велес - Славчо Чадиев,  на Струмица - Зоран Заев, на Кавадарци - Александар Панов, на Тетово - Теута Арифи и на Куманово - Зоран Дамјановски.

Понатаму, и во подготовките на изданието на Караванот на слободата во Штип, кое ќе се одржи идниот петок на 23 септември, ЦИВИЛ наиде на одлична соработка со градоначалникот Илчо Захариев.

Градоначалниците на општините – домаќини на Караванот на слободата ја понудија својата поддршка на повеќе начини, од брзи и позитивни административни одобренија, до бесплатно користење на простор и електрична енергија потребна за одржување на големите мултимедијални настани во овие општини.

IMG_0108 (2)

 

Караванот на слободата одржа повеќе помали, но не помалку значајни настани и во неколку други општини. ЦИВИЛ им заблагодарува на градоначалниците на Крива Паланка - Арсенчо Алексовски и на Гостивар - Невзат Бејта. За настанот во Битола, им благодариме на колешките и колегите од организацијата „За нас се работи“ кои помогнаа и директно учествуваа во програмата во овој град.

Пред Караванот, освен во Штип, идната седмица претстои и помал настан во Кочани, со чиј градоначалник, Ратко Димитровски, ЦИВИЛ има добра комуникација.

Караванот на слободата засилено се подготвува за големото финале во Скопје и деновиве ќе ја започне комуникацијата со општините Центар, Чаир, Карпош, Аеродром, како и со администрацијата на Град Скопје. Во ЦИВИЛ не постои сомнеж дека соработката и со овие општини ќе биде одлична.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian