ЦИВИЛ ги наградува граѓанските новинари по осми пат

ЦИВИЛ Центар за слобода утре доделува пет награди за граѓанските новинари во осмиот награден циклус на проектот „Граѓански објектив“. Доделувањето на наградите ќе се одржи во хотел Сити Парк во Скопје, со почеток од 12 часот. Прилозите на граѓанските новинари редовно се објавуваат на веб страниците на ЦИВИЛ.

Прилозите пристигнати во текот на август ги оценуваше тричлена комисијата на ЦИВИЛ. Петте најуспешни трудови ќе бидат наградени со вредносни ваучери за набавка на фото, видео и компјутерска опрема. Највисоката награда е ваучер во денарска противвредност од 110 долари. ЦИВИЛ досега додели 35 награди за граѓански новинарки и новинари од целата земја.

IMG_8616

Обука „Граѓански објектив“ во Тетово

Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и да се вклучи во проектот „Граѓански објектив“. ЦИВИЛ ги охрабрува граѓан(к)ите активно да се вклучат преку истражување и медиумски активности во развојот на граѓанското новинарство и алармирањето за сите нерегуларности кои влијааат врз политичката состојба, преку пријави на закани, учени, политичка корупција, поткуп на гласачкото тело, злоупотреба на јавни ресурси и администрација.

Преку текстови, видео, фото и аудио записи, ќе придонесете заеднички да ја зајакнеме јавната свест и да формулираме јавни барања за слободни избори, засновани на доказите на вашите истражувања преку онлајн активизам, теренска работа, медиумски и јавни настани.

За учество во натпреварот „Биди граѓански новинар“, со пополнување на формуларот, кликнете ТУКА. ЦИВИЛ – Центар за слобода им се заблагодарува на досегашните учесници и ги повикува и понатаму да продолжат со своето граѓанско активно учество да придонесат за заштита на човековите права и слободи и за демократизирање на општеството.

Проектот „Граѓански објектив“е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian