Жители на битолски „Баир“, мета на изборен поткуп за 400 денари!

Битолчани кои живеат во населбата „Баир“, претежно населена со граѓани од ромска националност, биле жртви на изборен поткуп. Како што соопшти МТСП, по извршен увид во домовите на корисници на социјална помош, коишто го пријавиле случајот, констатирано е дека на 3-ти декември, повеќе екипи од една партија, делеле пари на рака, како „подарок“.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=4lg1FFupZ6A[/youtube]

„Во Битола при посетата на корисници на социјална помош кои пријавиле партиска активност на политичка партија, записнички е констатирано дека активистка од политичка партија делела пари на рака како 'подарок', како противуслуга за глас на изборите и било барано од истите да се потпишуваат на список дека примиле пари. Исто така, констатирано е дека на 3-ти декември, повеќе екипи од политичка партија во ромското маало во Битола, на мештаните им нуделе по 400 денари, а како противуслуга ги фотографирале со нивните лични карти како ги држат во рака. Покрај овие записнички констатирани факти, се укажува на константно и засилено заканување со укинување на социјалната помош, доколку не се гласа за политичка партија”, рече министерката Ташевска-Ременски.

М. Талеска

 

Print Friendly, PDF & Email