Затвораат институции за да имаат луѓе на митинг

Локални функционери и директори на училишта во Ресен се забележани вчера од раните утрински часови како вршат подготовки за организација на вчерашниот митинг на една партија на плоштадот Маршал Тито, на тој начин што ги затвораа институциите, јавува нашиот набљудувач од градот.

mitingСпоред добиените информации, телефонски било јавувано до раководителите на ПИООМ, во училишта и подрачни единици на министерствата, со директна наредба да ги затворат институциите и сите вработени да бидат на плоштад за време на митингот. Потоа вработените добиле директива вечерта задолжително и без исклучоци сите да бидат и на централниот митинг во Охрид.

Така, вчера, како што известува нашиот набљудувач, сите државни институции биле блокирани и не работеле, а вработените биле принудени да присуствуваат на митингот во текот на работното време. Локалните функционери продолжуваат секојдневно во работно време да водат партиска кампања и да ги убедуваат граѓаните да гласаат за нивната партија.

Марко Петревски

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian