Хаштаг за утрешниот настан на ЦИВИЛ е - #одглавена

Хаштаг за утрешниот „дуплиран“ настан, прес-конференцијата и панел-дискусијата „Обезглавена Македонија“, ќе биде #одглавена, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Со ова, на симболичен начин, се промовираат очекувањата и барањата да се излезе од ќорсокакот во кој со години се наоѓа Македонија.

Поучени од извонредното искуство досега, кога настаните на ЦИВИЛ беа отворени онлајн, а особено за Твитер-заедницата, се надеваме дека и овој пат, нашиот настан ќе биде збогатен со одличните забелешки и коментари на македонските твитерџии.

ЦИВИЛ  утре (петок, 13 јануари) организира два настана – прес-конференција со најава на клучните активности во наредните неколку недели (во 12:30 часот), како и панел-дискусија „Обезглавена Македонија“ (во 13 часот), во хотелот „Сити Парк“, во Скопје.

На прес-конференцијата со почеток во 12:30 часот, ЦИВИЛ ќе потсети на главните постизборни препораки и ќе ја најави својата динамична агенда во наредните недели.

Панел-дискусијата „Обезглавена Македонија“ ќе започне во 13 часот и ќе опфати три области: „Коалициски комбинаторики“, „Етнички (дис)баланс“ и „Дали ЕУ и НАТО се опција за Македонија?“.

Воведни излагања ќе имаат д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар и универзитетски професор, д-р Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика и Рамадан Рамадани, универзитетски професор и колумнист во неделникот „Фокус“.

На панел-дискусијата се поканети и претставници на граѓанското општество, на политичките партии, на медиумите, како и заинтересираните граѓанки и граѓани.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian