Ѓеврек и пола литар вода за 24 часа полициски притвор

Цивил Медиа разговараше со еден од демонстрантите кои беа приведени на 5 мај.

Тој вели дека без основа го привеле бидејќи се движел мирно со велосипед. „Во прв момент не ми беше посочено ништо, затоа што сам се предадов на полицијата. Притоа имав точак кој што не го управував, туку рачно го буткав и имав шише вода. Во налет на полицијата само ги спуштив на земја, ги оттргнав од мене и ги кренав рацете да се предадам на полицијата, по што следеше мое соборување на земја, ставање лисици и приведување во марица“.

За 24 часа колку што траеше полицискиот притвор, на десетина притвореници им бил понуден само ѓеврек и пола литар вода, што е спротивно на стандардите и законите. 

 

„Во однос на храната, пошто мене ме приведоа на пети мај во 23 часот, следниот ден во 9 часот ни беше понудено за доручек ѓеврек, јогурт или бурек со шише вода. Јас и колегата побаравме бурек, но за 45 минути добивме известување дека нема бурек, дека само има ѓеврек и вода, но ние го одбивме“.

Само еднаш ви понудија јадење за 24 часа?

„Да, само еднаш, затоа што не се знаеше точниот период кога ќе не пуштат бидејќи имаше мислење дека за 12 часа ќе не пуштат, меѓутоа испадна дека ќе не задржат 24 часа.“

Print Friendly, PDF & Email