Што да очекуваме на локалните избори?

 

Со говор на Н.Е. Томас Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија и презентација на ЦИВИЛ за наодите од досегашниот мониторинг на настаните и процесите во изборен контекст, утре, во 11 часот, ќе започне двочасовната конференција „Слободни избори за слободно општество“ во Клубот на новинарите.

На конференцијата се поканети да говорат најрелевантните експерти и претставници на институциите и граѓанското општество. Тие ќе ги изнесат своите наоди и препораки за изборниот процес, особено во тринеделниот период на официјална предизборна кампања. Конференцијата ќе се обиде да даде одговор на прашањето: Што претходеше, што треба да се направи и кои се ризиците пред нас, во контекст на локалните избори во Република Македонија?

На конференцијата се поканети и медиумите, невладините организации, институциите, политичките партии и сите заинтересирани граѓанки и граѓани. Тие ќе имаат можност да поставуваат прашања или коментари со должина до една минута, по излагањата на говорничките и говорниците на Конференцијата.

За тие што нема да успеат да влезат во Клубот на новинарите, ЦИВИЛ ќе обезбеди онлајн следење на конференцијата.

Оваа активност е дел од проектот Слободни медиуми за слободно општество, поддржано од Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email