В недела, 13 часот, прес конференција на ЦИВИЛ за изборите

ЦИВИЛ организира прес конференција на која ќе стане збор за изборниот мониторинг, за лажните вести и говорот на омразата во политичките кампањи, за здравствените ризици, како и други информации, ставови и пораки во пресрет на предвремените парламентарни избори. Прес конференцијата ќе се одржи на отворено, пред седиштето на организацијата на ул. Максим Горки, бр. 31, в недела, на 14 јуни, со почеток во 13 часот.

Исклучително важно е да се слушнат ставовите, експертизите и информациите со кои располага граѓанското општество, особено организациите кои имаат долгогодишно искуство во мониторингот на изборните процеси.

Оваа прес конференција е важна и за сите набљудувачи на ЦИВИЛ, како и за граѓанките и граѓаните што се заинтересирани за вклучување во изборниот мониторинг.

Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страната на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


Фотографија во прилог: Архива на ЦИВИЛ, прес конференција пред седиштето, јули 2019 година. Фото: Б. Јордановска
Print Friendly, PDF & Email