ЦИВИЛ ги отвори сите канали за комуникација со јавноста и политичар(к)ите

ЦИВИЛ – Центар за слобода се залага за отворена комуникација со сите учесници на локалните избори, кандидатите за градоначалници и носители на листи, независните кандидати и претставниците на политичките партии. Во таа смила, организацијата е отворена за средби со сите учеснички и учесници во изборната трка, за утврдување на досегашната состојба на изборниот процес и за размена на информации и препораки за успешно спроведување на локалните избори.

Како организација што вложува многу во изборното набљудување и спроведување слободни избори, ЦИВИЛ секогаш е отворен за соработка, а информациите со кои располага се достапни за сите инволвирани страни во изборите.

Во текот на изминатата недела, ваква средба побараа претставниците на СДСМ на која се разговараше за изборниот процес, за предизвиците и за очекувањата, а беа споделени и препораки потребни за слободни избори.

ЦИВИЛ е на располагање за било какви прашања, консултации и информации, пред сè, за граѓанките и граѓаните, но и за политичките партии и независните кандидатки и кандидати.

Контакти: 02/5209 176, [email protected]

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian