Ултиматум до власта: Чист воздух или блокада на градовите!

Ако до 15 јануари не се имплементираат мерките што ги побараа на денешниот протест пред Владата претставниците на над 20 организации, движења и граѓански иницијативи од Тетово, Битола и Скопје, сите градови во кои загадувањето на воздухот има енормно ниво, ќе бидат блокирани од граѓаните кои живеат во нив.  

протест И вечерва, граѓани од неколку македонски градови со транспаренти и со заштитни маски на лицата, децидно побараа конкретни мерки за намалување на аерозагадувањето, кое Тетово, Битола и скопската општина Центар ги „вивна“ меѓу урбаните средини со најзагаден воздух во Европа и светот.

„Во Скопје се спречи струењето на воздухот, но и струењето на слободната критична мисла. Додека вие се борите за партиски рејтинзи, Скопје се најде на листата на назагадените градови во светот... Мене ми е потребно само чист воздух за да го преживеам овој ден“, истакна Ангела Илиевска од иницијативата „Ќе дишеме или ќе издишеме“. Емотивен говор одржа и Иван Чолаковски од битолската организација „За нас се работи“, кој ги наведе потресните податоци за бројот на заболени во битолско, особено меѓу децата, и ги повика сите исплашени грашани од заканите на власта, да се охрабрат и да излезат на следниот протест, оти во прашање е здравјето и животот и на следните генерации.

протест (1)„Заштитете ги фабриките, прочитајте го Уставот и меѓународните конвенции, инвестирајте во нашата иднина, наместо да се враќате во минатото. Ние од Тетово, имаме само едно барање, една порака: ‘Поставете ги тие проклети филтри на ‘Југохром’, па макар биле и барокни!’ Ние само го сакаме нашиот воздух! И за ова наше право ќе се бориме, за животот, за нашите деца, за нашата иднина. Ќе се бориме до крај!“, порача Аријанит Џафери од организацијата „Еко герила“ од Тетово.

Пред присутните зборуваа и Горјан Јовановски, програмерот чија апликација „Мој воздух“ ја користат повеќе од 30.000 граѓани, кој побара делот од буџетот наменет за „барокни“ згради да биде пренаменет за субвенции за сиромашни семејства за греење и за гасификација, како и биологот Кирил Арсовски, кој потенцираше дека е неопходен мониторинг на загадувањето и поднесување конкретна  одговорност за најголемите загадувачи.

DSC_0806Во најавата за протестот, здружените демонстранти во своето соопштение, од кое на протестот делови читаше водителот Огне Јаневски, заеднички порачаа: „Ние, здружените иницијативи и организации кои дејствуваме против загадувањето на воздухот во Македонија, сметаме дека е добро што Владата конечно се огласи по однос на прашањето кое алармантно ја засега речиси цела домашна популација, но и дека е жално што Владата е последна која се буди околу загадениот воздух“. Потенцирајќи дека досега немало резултати од препораките на Владата, активистите побараа спроведување на конкретни активности и мерки, како обезбедување поевтин и лесно достапен јавен превоз, регулирање на сообраќајот со исклучување на возилата особено во централното подрачје, привремена забрана за возилата кои не поседуваат минимум ЕУРО 4 стандард и дизел возилата, привремена забрана за работа на индустриските капацитети и слични мерки“

Илија Балтовски од битолската организација „За нас се работи“, позната по нејзината истрајна борба за зачувување на животната околина и за намалување на аерозагаденоста во битолско, за ЦИВИЛ Медија изјави дека и битолските активисти се согласни со колегите од другите градови.

Излези за воздух„Ние, како здружение, најмногу контактираме со ‘Еко герила’ од Тетово, оти тетовчани и битолчани се и најзагрозените досега, а последниве недели се поврзавме и со скопските актвисти. Ако власта повторно нема слух за барањата на граѓаните за почитување на нивното право на живот, ние сме подготвени да го ултиматумот испратен до Владата – да ги блокираме сите градови чии жители мака мачат со енормното загадување на воздухот„, ни изјави Балтовски.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, го поддржа протестот: “Излези за воздух!”., и ќе продолжи со поддршката и повикот до надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити здравјето на граѓан(к)ите и да се заштити сновното човеково право на здрава животна средина, загарантирано со членот 43 од Уставот на Република Македонија,

 

Print Friendly, PDF & Email