УМЕТНОСТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија го поддржува проектот на граѓанската организација „Цивил„ со 20 000 евра, средства наменети за проекти од областа на човекови права.

 

logo Speak Up 02a (Small)„Проговори“ претставува проект за јакнење на јавната свест и солидарноста за човекови права и слободи.

Основната цел на проектот е јакнење на јавната свест за човековите права и слободи и јакнење на духот на солидарноста меѓу граѓан(к)ите, преку формулација на заедничките барања на граѓан(к)ите за човекови права и демократија.

Понатаму, цел на овој проект е да ги охрабри граѓан(к)ите и да ги мобилизира креативните ресурси на локално и централно ниво да ги артикулираат барањата на граѓан(к)ите до структурите на моќта.

Проектот претставува иницијатива да се обноват врските меѓу интелектуалците, уметниците и граѓан(к)ите. Уметноста е одлично средство за јакнење на јавната свест и едукација за човекови права, области кои се инкорпорирани во овој проект, особено во комбинација со грижливо подготвени мултимедијални изложби, сценски настапи, медиумска продукција, јавни презентации, предавања и дебати на локално и централно ниво.

Проектот е можност и за граѓан(к)ите да земат активно учество со своите размислувања и ставови, со што ќе станат дел од поширок процес на градење солидарност меѓу луѓето во нивните барања за човекови права и демократија.

Официјалниот почеток на проектот е 20 април и ќе трае до 20 декември оваа година.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish