Уметничка работилница пред Влада

Уметниците денес, со почеток од 16 часот, ја продолжуваат уметничката работилница „Боите на слободата“. Колонијата која се одржува во кампот пред Владата ќе заврши вечер на полноќ.

10568870_771660366285768_3017339436748947521_n

Вчера со свој уметнички перформанс настапи Валентин Димановски, кој за ЦИВИЛ Медиа изјави дека пораката е да се постават боите на единството на братството и слободата. Тој направи една комбинација од две познати слики од историјата на француското сликарство, „Доручекот на трева“ од Мане и „Барикадата“ на Делекроа.

Изложбата ќе се отвори во вторник во 20 часот во самиот камп.

Print Friendly, PDF & Email