Уметниците сликаа со боите на слободата

Изложба „Боите на слободата“ во кампот Слободиште пред владата, 26 мај 2015, 19:30 часот

Боите на слободата е назив за серијата уметнички работилници кои ги иницира ЦИВИЛ – Центар за слобода, како дел од активностите во организација на коалицијата Граѓаните за Македонија. Во текот на празничниот викенд, повеќе уметници, сликаа на тема слобода во кампот Слободиште (#ЗбогумНикола) пред зградата на владата. Нивните дела ќе бидат изложени вечерва во 19:30 часот, пред владата.Боите на слободата„Живееме во време на неправди, насилства и тензии, гушење на слободата на говорот, окупација на јавниот простор, кршење на индивидуалните и колективните права и слободи. Живееме неквалитетен живот со вредности повампирени од мрачните времиња на човековата цивилизација. Живееме во време кога голем дел од уметниците и интелектуалците се само еден обичен запчаник во политичките машинерии.“ – се вели во предговорот кон публикацијата „Проговори“ – проект на ЦИВИЛ со уметниците во поддршка на човековите права и солидарноста.

Бунтот против автократијата и кршењето на човековите права е иманентен на уметниците и интелектуалците. Тие имаат општествена одговорност да се спротивстават на состојбите на загрозување на слободата на изразувањето, структурното насилство и дискриминацијата.

Токму тоа го направија уметниците во текот на изминатите неколку дена, преку своите уметнички дела создадени во кампот Слободиште пред владата.

Print Friendly, PDF & Email