ЦИВИЛ со теренски активности за промоција на зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда

ЦИВИЛ интензивно продолжува со активностите на терен. Во текот на утрешниот ден тим на ЦИВИЛ ќе ги посети Вардарскиот и Тиквешкиот регион.

Целта на овие посети е промоција на проектот „Зелена иднина“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Хајнрих Бел – Сараево.

Во претпладневните часови ЦИВИЛ ќе ги посети општините Градско и Росоман, а во попладневните часови граѓанките и граѓаните на Неготино и Кавадарци ќе имаат можност повеќе да се запознаат со целите на проектот.

На инфо-штандовите граѓан(к)ите на овие четири општини во директна комуникација со тимот на ЦИВИЛ ќе можат да ги споделат своите идеи и размислувања за социјалната правда, зелените вредности и антинационализмот, но и како тие се поврзани и влијаат на општествените промени.

Од ЦИВИЛ ги повикуваат сите заинтересирани граѓанки и граѓани, кои сакаат да ги споделат своите размислувања на овие теми и имаат идеи како да придонесат за Зелена иднина, да напишат порака на фејсбук страницата на организацијата. Тимот на ЦИВИЛ е постојано отворен за директна комуникација на бројните инфо-штандови во Скопје и низ целата држава. Повеќе информации околу активностите на ЦИВИЛ може да се најдат тука.

ЦИВИЛ тим за комуникации

 


Текстот на ова соопштение е дозволен за преземање во целост.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English