Анкета на ЦИВИЛ: Договорот од Пржино и изборите

Во тек е онлајн анкетата на ЦИВИЛ под наслов „Договорот од Пржино и изборите“, во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ , која ќе се спроведува до понеделник, 29 февруари.

Онлајн анкетата опфаќа прашања кои се однесуваат на политичката состојба во Македонија и предизборниот контекст кој се однесува на довербата на граѓаните во објективно и професионално работење на инситутциите и на условите за одржување на избори на 5 јуни.

Преку оваа анкета, ЦИВИЛ ќе се обиде да го детектира ставот на граѓанките и граѓаните за политичката криза и степенот на манипулации, притисоци, закани и уцени  врз институциите  кои  го имплементираат правото и законот во процесот на постигнување слободни и демократски избори.

Кликнете ТУКА за да одговорите на анкетата која ќе ви одземе најмногу една минута.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да се вклучат во работата на нашата организација како граѓански набљудувачи и граѓански новинари и со своите пријави, коментари и сугестии да придонесат кон создавање услови за слободни избори. Посетете ја веб страницата на ЦИВИЛ, онлајн формуларот за пријава на политички и други притисоци и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.

„Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ е проект на сите граѓанки и граѓани на Македонија. Тој произлегува од потребата на граѓан(к)ите да се вклучат во создавањето услови за спроведување слободни избори. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian