Тодоровска: И во граѓанскиот сектор не сме сите родово сензитивни!

„Постигнат е напредок, од периодот кога жените се плашеа да работат во политичките партии, и кога имаше само четири жени во парламентот, дојдовме до денешните - 40, но тоа не е доволно“, рече претседателката на Националниот совет на жени на Македонија (НСЖМ-СОЖМ), Савка Тодоровска, во излагањето кое предизвика многу внимание и аплаузи на дебатата „Жените во политиката“, која во состав на проектот на Караванот на слободата, ја организираше ЦИВИЛ - Центар за слобода

„Ако пред 10 години, Македонија беше лидер во регионот според родовите прашања, сега сме на светската листа 50 места подолу... Колку жени има во Владата, на министерски места, колку жени има во дипломатијата? Голема е улогата на граѓанскиот сектор што ги раздвижи работите, но, нема доволно ентузијазам, нема доволно активистки...“, рече меѓу другото, Тодоровска.

Print Friendly, PDF & Email