Дебата: ЕУ перспективите на земјите на Балканот

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), во понеделник, 20 јуни, со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Стоун Бриџ“, организира дебата на тема „ЕУ перспективите на земјите на Балканот“.

Говорници на дебата се поранешните дипломати и експерти за ЕУ и Балканот, Волфганг Петрич и Стефан Лене, како и регионалната директорка на БИРН, Гордана Игриќ.

Учесниците на дебатата ќе зборуваат за евроинтегративните процеси во земјите на Балканот, за нивото на демократијата, слободата на медиумите и останатите процеси кои влијаат кон приближувањето на земјите од Балканот кон ЕУ.

Исто така, ќе се зборува и за внатрешните предизвици со кои се соочува самата Европска унија, во одлуките за проширување и за престојниот референдум во Британија.

Присутните гости ќе имаат можност да учествуваат со прашања, коментари или заедничка дискусија со говорниците.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian