Тодоров: Се надевам дека СДСМ ќе собере храброст да се соочи со граѓаните!

„Задоволен сум. Имаме договор. ВМРО-ДПМНЕ целиот овој период доаѓаше по договор.Баравме да се стави крај на оваа криза, која што СДСМ ја наметна на оваа држава и ја одржуваше целиот овој период. Задоволен сум затоа што со овој договор се отвора мошност да се организираат, фер, демократски, слободни, кредибилни избори на кои што ќе учествуваат сите и народот ќе одлучи кому ќе ја даде довербата“, изјави Никола Тодоров, кој ги застапуваше ставовите на ВМРО ДПМНЕ на денешната меѓупартиска средба на која е постигнат политички договор, што треба да овозможи излез од политичката криза во Македонија

„Очекувам дека народот ќе може да одлучи и да ги поддржи проектите, делата, градбите, реформите, наместо деструкција, уништување и криза... Задоволен сум затоа што со овој договор се гарантира дека СДСМ ќе биде оневозможена да прави масовни партиски чистки во Министерството за внатрешни работи и дека со завршување на изборите, ќе заврши и оваа Влада, којашто популарно ја нарекуваат ’пржинска’, односно со денот на потврдување на изборите, ќе заврши мандатот на сите министри и заменици кои ќе бидат дел од оваа Влада.

На виделина ќе излезе лагата и невистината што за цело ова време ја пласираше СДСМ за Избирачкиот список. Ќе се види дека Избирачкиот список цело време бил прочистен, дека немало проблем со ИС и дека тој не е причина што СДСМ губи. Основна причина што СДСМ губи е нивната неподдршка од македонскиот народ, којшто дава поддршка на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Се надевам дека СДСМ овој пат ќе се држи до договорот и нема повторно да бара измени и да избега од избори. Се надевам дека СДСМ ќе соберат храброст да се соочат со граѓаните и дека ќе дозволат народот да одлучи кој ќе  ја води оваа држава“, изјави Тодоров.

Print Friendly, PDF & Email