Полициски билтен: Скршени врати и стакла на штабови, опожарени билборди, одземен рекламен материјал...

Кампањата се ближи кон крајот, заострената реторика предивикува растечка нервоза...

Во Изборниот штаб на СДСМ, до црквата во село Виниче, „од непознат сторител со употреба на сила скршена е влезната врата од објектот, влезено е внатре, направено е претурање, расфрлан е рекламен материјал, а дел е и одземен“, се вели во Билтенот на МВР за инцидентите и вандалските постапки во текот на вчерашниот ден.

Во скопската полиција е пријавено дека околу вчера околу 11,30 часот полициски службеник кој бил службено ангажиран „било забележано дека на улица 'Христо Татарчев' каде е сместен предизборниот штаб на НСДП, има оштетување со црн спреј на изложното стакло од просториите на штабот“.

Во полиција било пријавено и оштетување на предното стакло од просториите на предизборниот штаб на партијата „Беса“ во селото Слатино, Oпштина Теарце.

Ноќта меѓу средата и четвртокот во 3 часот изутрина во Скопје, на улицата „Ѓорче Петров“ бил опожарен билборд со реклама на ДУИ.

Print Friendly, PDF & Email