Студентскиот пленум продолжува да се бори за студентите

“Начинот на студентско организирање каков што постоеше до сега, факт е дека не даде никаков видлив резултат во интерес на студентите. Формите на самоорганизирање, како што е Студентскиот пленум, издејствуваa многу повеќе за студентите и за целата академска средина, отколку Студентскиот парламент, кои да потсетам земат пари од нас”, изјави за ЦИВИЛ Медиа Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум, во пресрет на вечерашниот собир пред платото на УКИМ.

13492819_1271672649527582_1623659629_n

Организирањето на избори за претседател на Студентскиот парламент, се одвива надвор од Статутот на УКИМ, и поради тоа на денешниот собир на идеи и предлози, студентите ќе разговараат за следните чекори кои ќе ги преземат со цел да се спречи уште еден неуспешен мандат на Студентскиот парламент.

“Вакви пленуми не се новина и јавноста тоа го знае, овој пат каузата е студентска, има многу студенти кои сакаат да работат и да размислуват на темата околу делегитимираниот парламент, кој се обидува сега да се легитимира повторно врз грбот на неколкумина. Таа форма на организирање веќе е неприфатлива, ние ќе изградиме нов модел со кој студентите ќе бидат најдобро претставени”, објаснува Туфегџиќ.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email