Реакција: „На македонскиот народ му е јасна како бел ден и големата слика“!

„Да, јас сум Томе Јаневски, мојот лик е реален. На мојот статус јас го искажав мојот личен став како Македонец. Јас имам право на мој личен став и право на грижа за мојата Татковина и за македонскиот народ“, напиша во својата реакција потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Томе Јаневски, откако ЦИВИЛ Медиа вчера го објави неговиот став изнесен на Фејсбук профилот, дека „трпението на народот завршило“ и дека тргнуваат да ја одбранат изборната победа.

Откако вчера напиша дека,„нема повеќе трпение – трпението помина. Се поминаа сите граници. Нема да дозволиме со кражба да се менува вољата на народот. Спремни сме. Идеме“, Јаневски денес го дообјаснува својот став и тврди дека не повикувал на одење во Скопје, пред објектот на ДИК.

15494163_10211619897155716_491419302_n

„Мојата реакција е јасна: Сметам дека иако измама и со поткуп 80.000 гласови од граѓаните од албанската заедница и 20.000 гласови во останатиот дел од електоратот, не успеаја да победат, сега СДС се обидуваат со уште една измама и кражба да ја променат вољата на граѓаните на Република Македонија и дека нема веќа трпение - трпението помина,.. Народот ќе дојде по своето (ако не денес, утре, после некој ден). Тоа е тоа. И така ќе биде. Крај на трпението. На Македонскиот народ во овие моменти му е јасна како бел ден и големата слика“.

Јаневски му одговори и на граѓанскиот новинар кој сакаше да остане анонимен, и вчера известуваше за ЦИВИЛ Медиа од Велес, дека стотина симпатизери и членови се собираат пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека без негова дозвола новинарот објавил негов личен став:
„Граѓанскот новинар нема име и презиме!!! Во мојот личен став замешува политика и професија. Манипулира дека повикувам на одење пред ДИК. Лаже дека во Велес имало 100 симпатизери и граѓани. Во Велес имаше собрани 500 реални симпатизери и граѓани со име и презиме… Порака до безимениот фантом - граѓански новинар: Утре ќе бидеме 800, после 1.000 и така натаму... Тоа е народ, Македонски народ кој си ја сака Мајка Македонија. Со векови се борел за неа, и денес ќе одбрани од поединци или групи кои за лични интереси ги распродаваат државните интереси“.

Инаку, Јаневски на Фејсбук порачува и дека чека „граѓанскиот новинар да објави по порталиве барем една од патриотскиве песни на Јонче Христовски што ги постирав. Ало, кај си што те нема?“

Print Friendly, PDF & Email