Франкфуртер алгемајне цајтунг: СЈО е сѐ што остана од Пржино

„Речиси една година потоа, Специјалното обвинителство е речиси сѐ што остана од Договорот во Пржино. Резултатите од истрагите кои тоа ги објавува од почетокот на годинава пружаат материјални докази за заклучокот кој во еден ЕУ-извештај минатото лето сѐ уште беше формулиран како претпоставка: Како што се чини има директна вклученост на високи владини претставници во нелегални активности“ - се вели во текстот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) со наслов „Три Чарлиеви ангели“. 

13087005_959951830789953_8857754089085033495_o

Посочувајќи дека, повеќе од еден месец протестите во Скопје започнуваат токму пред канцелариите на Специјалното Јавно Обвинителство, а демонстрантите носат маички со СЈО, со цел да се изрази поддршка кон нивната работа, значи дека граѓанките и граѓаните веруват во работата на ова обвинителство. „Тие се отелотворение на надежта (на оние што протестираат, н.з.) дека нивната земја ќе се ослободи од стегот на една политичка елита која својата благосостојба се чини ја има ставено над законот", пишува во текстот.

13055765_955247861260350_2218074716732916159_o

Аболицијата на 56 лица, против кои се водат кривични постапки, според изјавата на претседателот Иванов, требаше да ги помири двете страни. Тоа не се случи. Протестите и контра - протестите го покажаа сосема спротивното.  Сепак, на прашањето на ФАЦ, упатено до Иванов, дали повторно би донесол одлука за помилувања како на 12 април, тој одговорил:  'Да!'. Според него,  "оваа атмосфера на конфликт е дело на Специјалното обвинителство, кое истражува селективно само против владејачката партија," истакнува Иванов во интервјуто за ФАЦ.

 

 

Print Friendly, PDF & Email