РЕФЕРЕНДУМ ЗА ГТЦ: НАБЉУДУВАМЕ

ЦИВИЛ – Центар за слобода, во соработка со бројни активист(к)и на организации на граѓанското општество и граѓански иницијативи, ќе го набљудува спроведувањето на Референдумот за задржување на изгледот на ГТЦ кој ќе се одржи на 26 април 2015 година.

Средба за обука и координација со набљудувачите ќе се одржи на 22 април (среда) во ГЕМ Клуб, со почеток во 17:30 часот. На двочасовната средба ќе се презентираат основни информации за Референдумот за ГТЦ, правила и стандарди за набљудување, начини на подготовка и доставување извештаи од набљудувањето и ќе се направи распоред на набљудувачите по локации и смени.

Според планот, процесот ќе го набљудуваат 75 набљудувачи, но таа бројка може и да биде надмината до моментот на поднесувањето на барањето за акредитација до ОИК.

Сите набљудувачи на спроведувањето на референдумот за ГТЦ се ангажираат волонтерски.

Канцеларијата на ЦИВИЛ е отворена за сите прашања поврзани со референдумот и избирачкото право. Контакти: 02/5209176, [email protected], www.facebook.com/civil.mk.

Набљудуваме

Набљудувањето на спроведувањето на Референдумот за ГТЦ е дел од активностите на ЦИВИЛ во рамките на проектот МОЕТО ГЛАСАЧКО ПРАВО. Тоа е проект за јакнење на јавната свест, едукација и мобилизација на граѓан(к)ите за подобрување на изборните процеси во Република Македонија, засновани на демократски стандарди наспроти изборните нерегуларности и јакнење на моќта на граѓан(к)ите во изборните процеси и одбраната на човековите права и слободи преку запознавање на јавноста со состојбите на гласачките права и човековите права и слободи воопшто. Проектот „Моето гласачко право“ е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian