Инфо-штанд на ЦИВИЛ: „Набљудуваме!“ денеска напладне во центарот на Скопје

Тимот на ЦИВИЛ - Центар за слобода, во рамки на проектот „Набљудуваме!“, денеска од 12:00 до 13:30 часот, ќе постави инфо-штанд во центарот на Скопје, до преминот кај „Палета„. Активистите ќе делат информативни материјали на граѓанките и граѓаните за да ги информираат како да станат дел од мониторинг-тимовите за изборно набљудување на предвремените парламентарни избори, и ќе бидат достапни за разговор на теми од изборен контекст.

Граѓан(к)ите ќе имаат можност да се информираат за отворените позиции за краткорочни набљудувачи (за денот на изборите). Исто така, сите заинтересирани, на лице место, низ разговор со претставниците на ЦИВИЛ, ќе може да се информираат за нивното гласачко право, за актуелните активности на ЦИВИЛ, и, секако, доколку имаат сознанија и докази за изборни нерегуларности, да ги пријават и да останат анонимни.

Проектот „Набљудуваме“ е поддржан од Амбасадата на САД.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian