Референдум: Гевгелија за или против рудниците

Референдумот во Гевгелија што треба да донесе решение дали Општина Гевгелија ќе дозволи отворање рудници или не, според информациите на мониторниг-тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, започна со навремено отворање на сите 37 избирачки места.

Досега, според извештаите на набљудувачите, изборниот процес за или против отворањето на рудниците, заклучно со 13:30 часот, поминува во мирна атмосфера.

Од ОИК Гевгелија известуваат дека излезноста до 13:00 часот е околу 40%.

ЦИВИЛ – Центар за слобода со прелиминарен извештај од набљудувањето на Референдумот ќе излезе на прес-конференција, по завршување на гласањето во 19:00 часот.

Според извештаите на набљудувачите, забележани се нерегуларности во Избирачкиот список, во доменот на на избирачките одбори,  како и недоволна информираност за процедурата при спроведување на Референдумот.

ЦИВИЛ останува отворен за пријавите од граѓанките и граѓаните, како и за прилозите на граѓанските новинари.

Пријавите за нерегуларности може да се поднесуваат на телефонските броеви: 078/746-138 и 077/691-526, а на располагање е и веб-страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности.

Print Friendly, PDF & Email