Протести во Битола, Велес и Кавадарци

Повеќе од 1.500 граѓанки и граѓани и денеска протестираа во Битола. Протестот започна на плоштадот „Магнолија“, од каде демонстрантите продолжија пред зградата на Општина Битола.

13120673_10205721457545038_703702639_o

Битола, 27-ми април 2016

Според информациите од мобилниот тим од Битола, денеска протестот бил поддржан и од Сојузот на борци. По патот кон Општината, се положи свежо цвеќе пред споменикот на бранителите кои загинаа во конфликтот во 2001-ва година, во паркот кај Градскиот часовник. Во честа на загинатите бранители, поворката демонстранти со едноминутно молчење го одбележа споменот на нив.

13120779_10207514777242606_1178384149_o

Битола, 27-ми април 2016

Пред Општината демонстрантите ги повикувале припадниците на МВР да им се приклучат во знак на солидарност со нив, по што им завртиле  грб. Врз зградата на Општината се фрлало со боја и јајца. И битолчани се едногласни во барањата, кои продолжуваат да се поставуваат во се побројни градови низ државата. Протестот завршил мирно, без инциденти.

Истовремено, во Битола во организација на ГДОМ, се одржал и контра-протест. Според информациите, од мобилниот тим, најголем број од присутните на контра-протестот се вработени со договор на дело во Клиничката болница во Битола.

13072936_10209534396859512_1187743311_o

Велес, 27-ми април 2016

Граѓаните и граѓанките на Велес осми ден по ред протестираат. Протестот започна од пред кружниот тек кај „Авона“ со познатата маршрута. Според информациите од терен, демонстрантите се движеле по улицата „Благој Ѓорев“, покрај кафе баровите, за протестот да заврши на плоштадот С'рмаале. Тука беа повторно прочитани седумте барања на граѓанското движење „Протестирам“.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=XgjYhctm45U&feature=youtu.be[/youtube]

Протестот заврши мирно без инциденти. Пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ имаше контра-протестанти од ГДОМ. Имаше кордон од десетина полицајци помеѓу двете групи кои беа на раздалеченост од педесеттина метри.

Утре и задутре нема да има протести во Велес.

13090267_1067970969916510_1555325065_n

Кавадарци, 27-ми април 2016

Кавадарчани и денеска на протест, кој започна пред Катастарот во новиот ценатар на градот. Според информациите од долгорочниот набљудувач од овој град, претходно, неколку часа пред почетокот на протестот, биле забележани активности, како фрлање боја - карактеристични за „Шарената револуција“ на самиот плоштад.

13101060_10153427789902015_1400617396_n

Кавадарци, 27-ми април 2016

“Протестот беше најмасовен досега со значително повеќе луѓе од претходната недела и граѓанките и граѓаните го искажаа својот револт и бараа казни за криминалот на власта и повлекување на аболицијата”, се вели во извештајот од Кавадарци. Барањата повторно биле упатени преку паролите "Нема правда, нема мир!" ,"Оди си Никола!", "Оставка!

Граѓански новинар од Кавадарци ни цитираше дел од говорниците, според кои „Кавадарци никогаш не изгледало поубаво“, како вечерва, обоено со боите на „Шарената револуција“, во присуство на над 1.000 продемократски демонстранти. .

Паралелниот контра-протест на ГДОМ на кој биле повикувани вработените во админстрацијата и кај буџетските корисници, траел кратко.

 

Print Friendly, PDF & Email