Промоција на Извештајот „Избори 2016: Меѓу стравот, поделбите и заробената држава“

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира промоција на публикацијата ИЗБОРИ 2016: Меѓу стравот, поделбите и заробената држава (Финален извештај за долгорочното набљудување на политичкиот процес и предвремените парламентарни избори во Република Македонија). Промоцијата ќе се одржи в четврток, 2 февруари, со почеток во 12:30 часот во хотел Парк Ресиденс, Скопје.

Промоцијата ќе ја отвори Н.Е. д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка на Сојузна Република Германија.

Овој настан е заокружување на проектот „НАПРЕД!“ поддржан со германски средства при Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, спроведен во периодот од 1-ви јануари 2016 до 31-ви јануари 2017 година.

Проектот НАПРЕД! обезбеди долгорочен мониторинг на политичкиот процес и предвремените парламентари избори во Република Македонија.

Проектниот тим на ЦИВИЛ подготви сеопфатен извештај и анализа на овие процеси, со цел да послужи како документ кој ќе придонесе за надминување на недостатоците во изборниот систем и за спроведување на изборните процеси во земјата, а ќе има и значителен придонес во решавањето на политичката криза.

Публикацијата, како една од предвидените активности на проектот, содржи извештаи од терен и анализи на нашите наоди. Како документ, оваа публикација, исто така, ќе послужи како важна препорака и извор на информации за граѓанското општество, политичките партии и меѓународната заедница во рамките на напорите за создавање на услови за слободни избори и во иднина.

ЦИВИЛ ги поканува медиумите, претставниците на граѓанското општество, политичките партии, меѓународната заедница и заинтересираните граѓанки и граѓани на овој настан.

Print Friendly, PDF & Email