Семинар за граѓански новинари во Струмица

ЦИВИЛ – Центар за слобода објавува повик за учество на третиот Регионален семинар за граѓанско новинарство во Струмица. Семинарот ќе се одржи на 18 и 19 февруари 2017 (сабота и недела) во хотелот „Есперанто“. Според агендата,  семинарот почнува со работа во сабота 11 часот, а ќе заврши в недела, во 18 часот.

Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Струмица, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село, Босилово, Василево, Конче и Демир Капија.

Семинарот е дел од проектот „Граѓански објектив“ и е трет во новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја.

Пријавете се онлајн или на [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои, накратко ќе ги опишете своите вештини и ќе изразите подготвеност за учество на семинарот.

Трошоците за сместување и транспорт (за учесниците/учесничките од подалечните општини) ќе бидат покриени од ЦИВИЛ. За повеќе информации, јавете се на 075 - 389 698, или напишете порака на [email protected].

За да останете во допир со содржините поврзани со проектот „Граѓански објектив“, лајкнете ја Фејсбук страницата Граѓански новинари на Македонија.

15697847_350787281966731_2131126396026005506_n

„Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект веќе втора година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата.

Основна цел на проектот „Граѓански објектив“ е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.

Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право преку интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, што ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

ЦИВИЛ ја објави публикацијата „Ние сме медиумите!“ која е одличен ресурс за активните граѓанки и граѓани заинтересирани за граѓанското новинарство.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Print Friendly, PDF & Email